Фудбалерот на Лестер, Џефри Шлуп имал сообраќајна незгода на пат кон тренинг, за среќа играчот поминал без повреди но го оштетил неговото Ламборгини авентадор.
Автомобилот кој чини 220.000 евра е речиси уништен, а кога полицијата стигнала на местото на несреќата, останале шокирани од изјавата на Шлуп.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Не се секирајте, имаме уште три вакви дома“, рекол фудбалерот.
Во гаражата, според британските медиуми, Шлуп има Ренџровер Спорт, спортски Мерцедес и БМВ i8 кое го доби како подарок од сопственикот на Лестер за освојување на титулата во Премиерлигата.