Дома Топ вести Moжно ли е!? – Роналдо спремен да го „предаде“ Манчестер Јунајтед!?

Moжно ли е!? – Роналдо спремен да го „предаде“ Манчестер Јунајтед!?

Прашање на кое тешко дека ќе се најде вистинскиот одговор, но ако може да веруваме на некои странски портали, Роналдо има „само“ една желба.

За заминувањето на Роналдо од Мадрид се пишува секојдневно и, иако сето тоа е во доменот на шпекулациите, некои медиуми веќе претпоставуваат каде Роналдо би можел да ја продолжи кариерата. „Don Balon“ изветува дека најдобриот фудбалер во светот изразил голема желба да се пресели во Челзи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако играше во Манчестер Јунајтед и најреално е таму да ја продолжи кариерата, споменатиот извор пишува дека Челзи, односно Роман Абрамович е одлучен да го врати Жозе Мурињо, а заедно со него би го довел и Роналдо.

Челзи би можел да го изгуби Еден Азар, кој некако е најблиску до Реал Мадрид, па купувањето на Роналдо би можело да биде идеално за „Сините“. Меѓутоа, проблем нема да им прават финансиите, туку фактот дека многу богати клубови се заинтересирани за Роналдо.

Но, се тврди дека Роналдо е подготвен повторно да заигра во Премиер лигата и дека Челзи е клубот кој би можел да покаже колку може. Уште еднаш да повториме, ова е во доменот на шпекулациите и никој со сигурност не може да каже каква ќе биде индината на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…