Дома Останати Кошарка Видео: Вестбрук со нов трипл-дабл во победата на Тандерси, Теодосиќ се повреди, Хјустон не може без Харден

Видео: Вестбрук со нов трипл-дабл во победата на Тандерси, Теодосиќ се повреди, Хјустон не може без Харден

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа два натпревари.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа на гостувањето против Клиперси со резултат 117:127.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Покрај новиот трипл-дабл на Расел Вестбрук, 13 оваа сезона со 29 поени, 12 скокови и 11 асистенција. Во овој натпревар повреда на стапалото заработи Милош Теодосиќ кој поради тоа го пропушти второто полувреме.

Оклахома до победата во овој натпревар дојде пред се поради одличната игра во последната четвртина која ја доби со 33:20.

Покрај споменатиот Вестбрук најзаслужен за победата на Оклахома беше Пол Џорџ со 31 поен, шест скокови и Кармело Ентони со 22 поени. Стивен Адамс беше на чекор од дабл-дабл (12 поени, 9 скокови), а ист број поени забележа и Рејмонд Фелтон.

Кај Клиперси Деандре Џордан и Лу Вилијамс остварија дабл-дабл учинок. Џордан покрај 26 поени собра и 17 топки, додека Вилијамс запиша ист број поени и 10 асистенции. Добар во редовите на Клиперси беше и Блејк Грифин со 24 поени, 9 скокови и 7 асистенции.

Во дербито на Западната конференција Голден Стејт го совлада Хјустон со 124:114.

Иако во овој натпревар Хјустон не можеше да смета на Џејмс Харден во поголемиот дел од натпреварот беше рамноправен противник на актуениот шампион. Сепак треба да се истакне дека во редовите на шампиониот го немаше Кевин Дурант.

Рокетси во првите три четвртини имаа и најголема предност од девет поени (61:52), но гостите од Оукленд во финишот на третата четвртина со серија од 10:0 стигнаа до водство.

Најзаслужен за победата на Вориорси беше Дрејмонд Грин кој забележа трипл – дабл со 17 поени, 14 скокови и 10 асистенци, Стеф Кари додаде 29 поени, додека Клеј Томпсон уфрли 28 поени.

Во редовите на Хјустон, Ерик Гордон натпреварот го заврши со 30 поени, Крис Пол додаде 28, Клинт Капел оствари дабл – дабл со15 поени и 10 скокови, одличен беше и Џерланд Грин со 29 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тага во кошаркарскиот свет: Почина Дикембе Мутомбо

Една од најголемите кошаркарски легенди на НБА, Дикембе Мутомбо почина денес на 58-годишна…