Дома Фудбал Поранешен репрезентативец до Седлоски: Дај си оставка веднаш, ако си малце паметен!

Поранешен репрезентативец до Седлоски: Дај си оставка веднаш, ако си малце паметен!

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со лошите резултати, а по поразот од Словенија со 2-0 во Љубљана пристигнаа нови реакции од јавноста и поранешните репрезентативци.

Меѓу оние кои јавно го коментираа актуелниот момент во националниот тим е и поранешниот македонски репрезентативец Игор Ѓузелов. Тој преку својот профил на „Фејсбук“ испрати директна порака до селекторот Гоце Седлоски, од кого побара да поднесе оставка.

Ѓузелов смета дека во моментов постои сериозен проблем во функционирањето на репрезентацијата, но и во односите меѓу селекторот, фудбалерите и раководството на Фудбалската федерација на Македонија.

„Седло не се мачи , биди поштен сам спрема себе, дај си оставка одма ако си и малце паметен на сила убавина не бива. (искрен совет) Со секој следен ден , со секој следен натпревар со секоја твоја следна изјава само тонеш и тонеш ….едноставно не ти оди , од авион се гледа дека нема никаква сплотеност помеѓу тебе , играчите и раководството на ФФМ. Моментално комплетна ФФМ е во слободен пад , нокаутирана е и она незнае што и како понатаму.(такви негативни резултати А репрезентацијата никогаш немала) Не дека следниот селектор ке направи чудо него народот секојпат бара “жртва” за да се засити до следната ……а никој не ја кажува вистината или реалната слика ! Имаме ли струка? Имаме ли капацитет ? Имаме ли квалитет ? Каков квалитет? Ограничен ? Можеме ние да играме со секого но реалноста е друга. Арменија , Кипар ,Малта ,Грузија, Бугарија , Лихтенштајн , Казакстан, Гибралтар ,Естонија, Латвија …….тоа за нас е реалноста во моментот а тоа што било порано , како сме можеле тогаш е тоа веќе го нема , назад нема за жал а за напред тешко , ептен тешко , со Господ напред“, напиша Ѓузелов на својот Фејсбук профил.

Ѓузелов во дресот на Македонија забележа 18 настапи во периодот од 1998 до 2003 година. Во клупската кариера настапуваше за Беласица, Силекс, Хајдук Сплит, Шахтјор Доњецк, Металург Доњецк, Хапоел Петах Тиква и белгискиот Серкл Бриж.

Македонската репрезентација моментно се наоѓа во сериозна резултатска криза. Нашата селекција веќе 10 натпревари не знае за победа, додека цели 540 минути не успеала да постигне гол. По последниот пораз од Словенија, притисокот врз репрезентацијата и селекторот Седлоски дополнително се зголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта ја откри вистинската трансфер „бомба“: Се обидовме се, лично му се јавив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека неговиот тим минатото лето се обидел …