Дома Фудбал По заминувањето на Араухо: Уште едно неочекувано заминување од Барселона во Премиер Лигата?!

По заминувањето на Араухо: Уште едно неочекувано заминување од Барселона во Премиер Лигата?!

Роналд Араухо неочекувано ја напушти Барселона и премина на позајмица во Ливерпул, а патот кон Островот може да го следи и Жил Кунде.

Според информациите од Каталонија, Французинот е меѓу играчите кои повеќе не се недопирливи и Барселона сериозно би разгледала понуди за него.

Кунде досега беше задоволен во Барселона, но наводно сега дошло до недоразбирања со Ханси Флик. Причината е што повторно се споменува дека Барселона бара нов стопер, а Кунде се понудил да се врати во срцето на одбраната каде што играше додека беше во Севиља.

Подоцна се профилираше како десен бек, на таа позиција го користеше и селекторот на Франција Дидије Дешан, затоа веројатно Флик има свои причини зошто би сакал да доведе нов стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе постави услови за продолжување на соработката со Баерн

Играчот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, изрази подготвеност да потпише нов долгорочен догово…