Дома Фудбал Целосна војна: Барса го растура најважниот летен трансфер на Атлетико?!

Целосна војна: Барса го растура најважниот летен трансфер на Атлетико?!

Откако Роналд Араухо одлучи да замине во Ливерпул, се појави вест дека Барселона неочекувано би можела да донесе нов стопер, а тоа би можел да биде – Кристијан Ромеро!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Набрзо по потврдата дека Араухо заминува во Ливерпул, пристигаат вести дека Ханси Флик сепак сака уште еден стопер, бидејќи Ерик Гарсија го гледа како конкуренција на Жил Кунде на десниот бек.

Тоа значи дека на стоперските позиции сега останаа – Пау Кубарси, Жерар Мартин и Андреас Кристенсен, така што е логично што Ромеро стана опција во овој момент.

„Доколку Барселона сака да се вклучи во трката за Ромеро, сега е вистинскиот момент. Сѐ уште постои можност да го доведат, но сѐ зависи од клубот. Ромеро преговара со Атлетико Мадрид, кој стана негов приоритет, но тој трансфер сѐ уште не е реализиран. Чекаме да видиме дали Барселона ќе реагира и дали Деко ќе одлучи да донесе нов стопер”, рече Фабрицио Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид донесе одлука: Eндрик заминува во Премиер лигата!

Бразилскиот дијамант не успеа да се избори за место во ѕвездената екипа на Реал, а клубот …