Дома Фудбал Нов удар за Инфантино: Венгер се спротивстави на продажбата на правата за СП

Нов удар за Инфантино: Венгер се спротивстави на продажбата на правата за СП

Арсен Венгер, директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, јавно се дистанцираше од контроверзниот план на Џани Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во соопштение, поранешниот менаџер на Арсенал истакна дека повлекувањето на проектот било „апсолутно неопходно“, нагласувајќи дека ФИФА мора да остане независна организација која работи во интерес на фудбалот, со транспарентност и интегритет.

Венгер откри дека воопшто не бил вклучен во подготовката на проектот и дека за него дознал дури кога информациите се појавиле во медиумите.

Спорниот план предвидуваше формирање на компанијата FIFA Forward Enterprise (FFE), преку која требаше да се продаде 20-процентен удел на приватни инвеститори. Иницијативата наиде на силен отпор од повеќе фудбалски организации, по што беше повлечена.

Во меѓувреме, сè повеќе европски федерации ја повлекуваат поддршката за Инфантино. Англиската и Велшката фудбалска асоцијација веќе го известиле раководството на ФИФА за промената на својот став, додека УЕФА претходно соопшти дека ја изгубила довербата во актуелниот претседател на светската фудбалска организација.

Дополнителен притисок доаѓа и од Европската клупска асоцијација, која изразила загриженост дека проектот можел да влијае врз идните планови за организацијата и комерцијалните права на Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од Шпанија: Деко „уловен“ во Мадрид, отпатувал за да заврши голема зделка за Барселона!

Барселона наскоро би можела да го заврши еден од најатрактивните потези на летниот преоден…