
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги демантираше медиумските наводи дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во обид да ја задржи својата функција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Швајцарецот се најде на удар на критики од повеќе регионални конфедерации откако го претстави контроверзниот план за продажба на удели од Светското првенство на приватни инвеститори.
Инфантино на крајот го повлече планот, но претставници на Европската фудбалска унија (УЕФА) изјавија дека тој веќе ја изгубил нивната доверба.
„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во изминатите денови немал никакви телефонски разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, ниту со членови на неговата администрација. Тоа е обична фикција“, соопшти ФИФА, а пренесе агенцијата ДПА.
Весникот „New York Post“ во понеделникот објави дека Инфантино, по зголемените критики, наводно побарал помош од Трамп и неколкупати се обидел да стапи во телефонски контакт со него, но не успеал да го добие.