
АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Хулијан Алварез изјави дека ова лето сака да го напушти Атлетико Мадрид, а бројни големи европски клубови веќе се борат за неговиот потпис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интерес за него имаат покажано Барселона, Пари Сен-Жермен и Арсенал, додека Реал Мадрид минатиот месец се соочил со одбиена понуда од 150 милиони евра.
“Сакам да го остварам мојот сон”
“Свесен сум дека можеби не е вистинскиот момент за разговор, но исто така не сакам да се кријам”, изјави Алварез за ESPN по победата на Аргентина против Австрија со 2:0 на Светското првенство во понеделникот. “Се обидувам да бидам искрен. Разговарав со луѓето во клубот со кои требаше. Сметам дека трансферот е најдобрата работа за сите. Сакам да го остварам својот сон.”
Иако 26-годишниот Алварез не откри каде би сакал да оди, извори на ESPN наведуваат дека неговата преферирана дестинација е Барселона. Каталонскиот клуб ова лето бара замена за Роберт Левандовски, а како што ESPN објави во мај, Алварез е нивниот главен приоритет откако за 70 милиони евра го доведоа енглескиот крилен играч Антони Гордон од Њукасл Јунајтед.