Дома Фудбал Јанкулов: Вардар по седум години е во ЛШ, мотивирани сме и фокусот ни е на КуПС!

Јанкулов: Вардар по седум години е во ЛШ, мотивирани сме и фокусот ни е на КуПС!

Георгије Јанкулов кажа дека целиот фокус на фудбалерите на Вардар е на првото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), односно на дуелот против КуПС.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Се наоѓаме во добри подготовки и играме пријателски мечеви, а фокусот е во целост на првото коло на ЛШ. Мислам дека добивме ривал со кој може да се носиме и нијанси ќе го одлучат патникот во следната фаза. Вардар по седум години е во ЛШ, така што тоа е доволен мотив да се покажеме во што е можно подобро светло и да стигнеме што е можно подалеку во Европа. КуПС не сум го гледал многу пати, но штом екипата е шампион на земјата, има квалитет. Гледам предност за нив што сезоната им е веќе во тек, но од другата страна може да биде и маана затоа што може да имаат одреден замор, а ние доаѓаме од подготовки и ни следи првиот меч во новата сезона“, вели Јанкулов.

Јанкулов кажа дека сè уште се запознаваат со тренерот Фабијани и со неговиот систем.

„Со Фабијани се запознаваме полека, со неговиот систем, исто и тој со нас. Има свои принципи кои сакаме да ги усвоиме и да ги покажеме на терен. Завршната тактика уште не сме ја фатиле, повеќе се фокусираме на кондиција и сила, па ќе ни следат тактичките подготовки. За новите млади играчи во првиот тим: Убаво е чувството кога младите играчи се околу и добиваат шанса во првата екипа. Сите играчи ги прифативме добро, имаат квалитет и заслужено се овде, а нивно е да се борат, да се докажат и да останат со нас во првиот тим и по подготовките“, вели тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус ги избриша сите објави на Инстаграм откако Реал му понуди нов договор

Винисиус Жуниор го отстрани целиот содржински материјал од својот Инстаграм профил, само н…