
Чуварот на мрежата на македонскиот шампион Вардар, Давор Талески кажа дека е задоволен од подготовките и смета дема се подготвени за квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Талески кажа дека во тимот владее одлична енергија и сакаат да изборат добар резултат против финскиот шампион КуПС.
„Одлично се подготвуваме во Италија и имаме добри услови за работа. Зад нас е добра сезона и сакаме целата позитивна енергија што ја донесе титулата да ја насочиме кон Лигата на шампионите и да се обидеме да го победиме финскиот шампион. Знам добро што нè очекува. КуПС е директна екипа која секогаш игра на гол повеќе. Се надевам дека со поддршка од нашите навивачи ќе успееме да избориме добар резултат на домашен терен“, кажа Талески.