Дома Фудбал Неверојатна статистика: 62 удари кон голот, 0 погодоци – Турција елиминирани од Светското првенство

Неверојатна статистика: 62 удари кон голот, 0 погодоци – Турција елиминирани од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Турција, по одигрувањето на двата натпревара во групата Д на Светското првенство, ги изгуби шансите за пласман во следната фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со поразите од Австралија од 0:2 и Парагвај од 0:1, тие веќе се елиминирани од Светското првенство, бидејќи следниот натпревар против САД нема влијание врз нивното понатамошно учество.

Интересно е што Турција се опростува од Светското првенство без постигнат гол, иако упатија дури 62 удари кон голот на противниците. Во првиот натпревар, тие упатија 30 удари, додека во средбата со Парагвај, одиграна во саботата според средноевропско време, додадоа 32.

Ова е најголем број на удари без постигнат гол во кој било двомеч на Светските првенства откако се води детална статистика од 1966 година. Со тоа, Турција постави несакан рекорд на турнирот. И покрај големиот број обиди и можности, не успеаја да го најдат патот до мрежата во првите два натпревари, што доведе до нивна елиминација од Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлжирците ќе се жалат, бараат објаснување зошто Меси не добил црвен картон

Фудбалската федерација на Алжир официјално поднесе жалба до Светската фудбалска федерација…