Дома Фудбал Селекoрот доби отказ по тежок пораз на стартот од СП

Селекoрот доби отказ по тежок пораз на стартот од СП

Тежок пораз од Шведска со 5:1 на отворањето на Светското првенство предизвика потреси во туниската репрезентација. Фудбалската федерација на Тунис реши да го ослободи од должност селекоторот Сабри Ламуши, и покрај тоа што во групната фаза остануваат уште две средби. Ламуши ја презеде функцијата во јануари годинава и беше на чело на екипата само пет натпревари.

Назад на кормилото е старо познато лице

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Федерацијата објави дека репрезентацијата привремено ќе ја води Мондер Кебаир, кој веќе беше на чело на Тунис од 2019 до 2022 година. Очекувањата се дека Кебаир ќе остане на чело до крајот на Светското првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада. Во сабота, Тунис го очекува вториот натпревар во групата против Јапонија, а потоа следи дуелот со Холандија.

Веста за смената на Ламуши беше објавена на Инстаграм, каде Туниската фудбалска федерација издаде соопштение. “Официјално постигнавме договор за смена на селекторот Сабри Ламуши. Во тек се плановите за именување на Мондер Кебаир како привремен селектор на репрезентацијата”, се вели во соопштението.

Спекулациите за незадоволството од работата на 54-годишниот Ламуши се појавија и пред почетокот на првенството, а поразот од Белгија со 5:0 на последниот пријателски натпревар можеби беше пресуден. Сепак, федерацијата тогаш реши да му ја даде довербата, но катастрофалната игра на стартот од СП против Шведска му ја запечати судбината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен репрезентативец на Македонија е нов тренер на Шкендија

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, го објави името на новиот тренер кој ќе го предводи…