
Фудбалска репрезентација на Турција имаше спектакуларно испраќање пред заминување на Светското првенство 2026 година, кога низ улиците на Истанбул беше организиран импресивен конвој од возила украсени со турски знамиња.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По убедливата победа против Македонија (4:0) во подготвителниот натпревар за Мундијалот, турските репрезентативци продолжија со финалните подготовки во тренинг кампот „Рива Хасан Доган“. Попладнето го напуштија кампот, упатувајќи се кон аеродромот. На целиот пат ги следеше долга колона од возила на турскиот производител „Togg“, кој е и главен спонзор на националниот тим.
Bizim Çocuklar, ABD uçağına Türk bayraklı konvoyla uğurlandı. pic.twitter.com/OJ2bnXgtIQ
— Boşuna Tıklama (@bosunatiklama) June 2, 2026
Возилата украсени со национални знамиња создадоа извонредна атмосфера на улиците на Истанбул и привлекоа огромно внимание од граѓаните и навивачите, кои излегоа да ги испратат своите јунаци пред најголемиот фудбалски настан. Организаторите со овој потег дополнително ја потенцираа националната поддршка и единството околу репрезентацијата, која со големи амбиции заминува на Светското првенство.
Конвојот ги придружуваше турските фудбалери до аеродромот, од каде отпатуваа кон Мундијалот што годинава се одржува во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.