Дома Фудбал Еве кој клуб ќе има најмногу фудбалери на Светското првенство: Срушен нов рекорд

Еве кој клуб ќе има најмногу фудбалери на Светското првенство: Срушен нов рекорд

СВЕТСКОТО првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, започнува на 11 јуни. Додека клупскиот фудбал оди на кратка пауза, клубовите имаат причина да бидат горди. Според истражувањето на бразилскиот весник O Globo, кое се базира на информации за 1248 избрани играчи, Манчестер Сити е на врвот на листата на клубови со најмногу учесници на турнирот. Актуелниот шампион на Англија ќе испрати дури 19 играчи од различни 12 репрезентации.

Сити повторно во водство

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со тоа Сити го поврати рекордот што на Светското првенство во Катар 2022 го имаше Баерн Минхен со 17 играчи. Претходно, на првенството во Русија 2018, Сити исто така беше на врвот со 16 повикани фудбалери. Вкупно, на Мундијалот ќе учествуваат 1248 играчи од 453 различни клубови од целиот свет.

Непосредно зад Манчестер Сити се наоѓа Баерн Минхен со 18 фудбалери, а веднаш под нив се Арсенал и ПСЖ со по 16 играчи, и Барселона која ќе испрати 15 свој претставници на првенството. Меѓу клубовите надвор од Европа, саудискиот Ал-Хилал зазема високо шесто место со своите 12 репрезентативци.

Ранг листа на клубовите според број на учесници на СП

1. Манчестер Сити (Англија): 19

2. Баерн Минхен (Германија): 18

3. Арсенал (Англија): 16

4. Париз Сен Жермен (Франција): 16

5. Барселона (Шпанија): 15

6. Ал-Хилал (Саудиска Арабија): 12

7. Атлетико Мадрид (Шпанија): 12

8. Кристал Палас (Англија): 12

9. Манчестер Јунајтед (Англија): 12

10. Борусија Дортмунд (Германија): 11

11. Галатасарај (Турција): 11

12. Ливерпул (Англија): 11

13. Фенербахче (Турција): 10

14. Милан (Италија): 10

15. ПСВ Ајндховен (Холандија): 10

16. Реал Мадрид (Шпанија): 10

17. Славија Прага (Чешка): 10

18. Ал Ахли (Египет): 9

19. Ал-Ахли (Саудиска Арабија): 9

20. Ал-Наср (Саудиска Арабија): 9

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова одлука на ФИФА која ќе ги воодушеви навивачите: Еве како ќе се судат офсајдите на Светското Првенство

ФИФА потврди дека на Светското првенство ќе има нови правила при одредување офсајд, различ…