Дома Фудбал Останато Марадона бесен: Моите ќерки треба да завршат во затвор, ми ги украдоа парите

Марадона бесен: Моите ќерки треба да завршат во затвор, ми ги украдоа парите

Аргентинската и светска фудбалска легенда, Диего Марадона ги обвини своите две ќерки дека му украле, 3,4 милиони фунти и ги префрлиле средствара на сметка во Уругвај, па ги повика правните органи, една од нив да ја сместат во затвор, пишува британски Дејли Меил.

Славниот аргентински фудбалер ја обвини за кражба некогашната сопруга, Клаудиа Вилафане, и неговите ќерки Далма и Џина.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Семејството ги префрлило укардените пари на сметка во банка отворена во Уругвај, а дел од парите ги искористиле за купување на недвижнини во САД, тврди 57-годишниот Марадона.

Неговиот адвокат вели дека 28-годишната Џина минала „неколку часа“ во Уругвај, доволно да ги префрли парите на својот татко, пишува Марка.

„Ако тоа е покаже како точно, ако на таа сметка постојат парите за кои се сомневаме, неговата ќерка ќе биде фатена“, истакна адвокатот.

Џина на обвиненијата на нејзиниот татко и адвокатот одговори на Твитер: „Знаат каде живеам и можат да дојдат кога и да посакаат. Го простив најлошото, па така ќе направам и сега“, пишува на нејзниот твитер профил.

Марадона, некогаш зависен од кокаин, ја обвини некогашната сопруга дека е „мозокот“ на целата операција за кражба на неговите пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…