Дома Фудбал ФИФА на помалку еден месец до почеток исфрли судија од Мундијалот!

ФИФА на помалку еден месец до почеток исфрли судија од Мундијалот!

ФИФА презеде драстичен чекор пред претстојното Светско првенство, откако одлучи да го отстрани холандскиот судија Роб Диеперинк од листата на официјални лица за турнирот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Диеперинк, кој требаше да биде ВАР судија на првенството во САД, Канада и Мексико, се најде под истрага од лондонската полиција поради пријава за наводен сексуален напад врз малолетник во Кројдон во април.

И покрај тоа што Метрополитенската полиција во Лондон по детална истрага, анализа на безбедносни камери и дигитални уреди ја затвори случајот бидејќи “немало доволен праг на докази”, ФИФА остана решителна.

“ФИФА може да потврди дека Роб Диеперинк е отстранет од листата на судии за Светското првенство”, беше објавено кратко за “The Athletic”.

Оваа одлука предизвика големо негодување во Холандија, а самиот судија изјави дека од самиот почеток бил целосно транспарентен со сите фудбалски организации.

“Длабоко сум ожалостен што бев неправедно обвинет. Обвиненијата беа одбиени многу брзо по темелна истрага. ФИФА, УЕФА и КНВБ имаа целосна транспарентност од моја страна од самиот почеток. Се разбира дека сум разочаран што нема да бидам дел од Светското првенство”, изјави Диеперинк за холандскиот “De Telegraaf”.

Поддршката за својот судија ја изрази и Кралската холандска фудбалска федерација (КНВБ). Од федерацијата истакнаа дека се залагаат за безбедна и правична фудбалска култура, но исто така апелираа луѓето да не се судат предвреме, особено откако полицијата во Обединетото Кралство официјално го затвори случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…