Дома Фудбал Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на Каталонците не знае за пауза, бидејќи утре ги чека нов предизвик. Ханси Флик затоа повторно се појави пред медиумите и неговата изјава ги воодушеви фановите на клубот.

Пред натпреварот Флик одржа прес-конференција, а зборуваше и за неговата иднина.

“Се согласивме да го продолжиме договорот за уште една година, до лето 2028, а ако се одвива според планот, би можело да има и уште една година повеќе. Јас сум во вистинскиот клуб, каде отсекогаш сакав да бидам и немаше проблеми околу договорот”, изјави Флик и додаде.

“Благодарен сум на управата за укажаната доверба. Верувам дека многу тренери би биле пресреќни да добијат договор на повеќе години, но сметам дека е подобро вака, од година во година. Новиот договор е дополнителна мотивација, да бидеме уште подобри и посилни следната сезона. Знам дека сонуваат за Лигата на шампионите и се што можам да кажам е дека ќе се бориме и ќе се обидеме повторно да ја освоиме”.

Изјави дека за него екипните трофеи секогаш биле поважни од поединечните достигнувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Хрватска навреди судија: Идиоте што ме гледаш!

Хрватскиот фудбалски тим се соочи со пораз од 4:1 против Шпанија во Севиља, во рамките на …