
Фудбалерите на Милан се на добар пат да ја уништат сосема солидната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред само еден месец, тимот на Масимилијано Алегри сè уште беше во борбата за Скудето, а сега ќе мора да стравува за пласман во Европа до крајот на сезоната.
Милан победи само еднаш во последните пет натпревари, претрпе три порази и со освоени четири бода во месецот, сериозно го закомплицира учеството не само во Лига на шампиони, туку и во Европа.
Милан има ист број бодови како и Рома – 67, Комо ги следи со два помалку, додека третопласиран Јувентус има 68, а Наполи е втор со 70. Сè уште е отворено, Милан може на крај да биде и втор, меѓутоа, ниту еден тим од врвот на Серија А не падна толку многу во клучниот период на сезоната.
Вистина е дека и Наполи не блика откако остана без шанси за Скудето, но освои двојно повеќе бодови отколку Милан во последниов месец, а и го има својот натпревар од ова коло вечерва против Болоња. Сето ова најмногу го искористи Рома, која освои 13 од можните 15 бодови во последните пет натпревари и “волчицата” има голема шанса на крајот да го прескокне Милан.