
Тренерот на Барселона, Ханс Флик, потврди дека има намера да ја продолжи својата соработка со клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германскиот тренер се согласи на условите од новиот договор, кој ќе му овозможи да остане на чело на Барселона до 2028 година, со можност за продолжување на уште една сезона, според информациите на инсajдерот Фабрицио Романо.
Италијанскиот новинар претходно објави дека агентот на Флик, Пини Захави, пристигнал во Барселона за да се сретне со клубот и да ги води преговорите.
Флик, откако се приклучи на каталонскиот клуб во мај 2024 година, постигна само успеси.
Уште во првата сезона успеа да ја освои домашната тројна круна, а сега е на чекор од освојување на новата титула во Ла Лига.
Со оглед на сето ова, ваквиот развој на настаните доаѓа како природен и очекуван.
Барселона има потреба само од бод против Реал Мадрид во неделниот „Ел Класико“ за математички да ја обезбеди новата шампионска титула.