
Холандската лига би можела да се соочи со значителни предизвици поради хаосот што произлезе од ситуацијата со пасошите на играчи кои своето холандско државјанство го размениле за тоа на земји од поранешните холандски колонии.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако оваа тема се уште не се дискутира гласно, холандскиот фудбал се наоѓа во тивка паника, која трае веќе неколку недели.
Според извештајот на ЕСПН, клубовите и холандската фудбалска лига со загриженост ја очекуваат одлуката на холандската фудбалска федерација (KNVB) за тоа дали тековната сезона во Ередивиси е воопшто валидна и дали ќе биде потребно повторување на дури 133 натпревари.
Главната грижа е врзана за пасошите на неколку играчи кои неодамна добиле државјанство на Индонезија, Зеленортските Острови и Суринам, земји кои некогаш биле холандски колонии.
Сето ова започна средината на март, откако НАЦ Бреда загуби со 6:0 од Го Хед Иглс. Во популарниот холандски подкаст De Derde Heft беа анализирани натпреварите, а еден новинар рече, анализирајќи ја катастрофалната игра на НАЦ: „Всушност, НАЦ секако не можеше да победи на тој натпревар“.
Останатите учесници во студиото беа изненадени, и Роџиер Јакобс објасни дека Дин Џејмс, левиот бек на Го Хед Иглс, можеби немал право да учествува на тој натпревар.
Џејмс, инаку роден во Холандија, пред година дена доби индонезиско државјанство за да може да игра за оваа репрезентација. Освен него, истото го направија и многу други актуелни репрезентативци на Суринам и Зеленортските Острови, кои не знаеле дека со ова се формално откажуваат од холандското државјанство.
Постојат некои исклучоци, но тие не ги вклучуваат споменатите земји, а Индонезија и онака не дозволува двојно државјанство.
Зошто е ова проблематично?
Ова е проблем бидејќи со добивањето на државјанства од земји надвор од Европската унија, Дин Џејмс и многу други играчи од холандската лига формално стануваат – странски државјани. Соодветно, за работа односно играње во Европската унија треба работна дозвола, која тие не ја поседувале.
Одлука во понеделник
KNVB во прв степен ја прифати жалбата на НАЦ и побара повторување на натпреварот. Сепак, Бреда има можност за жалба и се претпоставува дека на повисоките инстанции би можеле да го добијат спорот, што би го фрлило холандскиот фудбал во комплетен хаос.
‘Ако НАЦ ја добие пресудата, сите клубови кои играле против клубови со спорни играчи можат да го направат истиот потег и да очекуваат позитивен исход. Тоа би значело дека ќе треба да се повторат околу 133 натпревари во двете лиги, што би значело тотален хаос’, изјави адвокатот на KNVB, Мариана ван Лиувен.