Дома Фудбал Се што сака е живот без болка: Мораше да се пензионира на 33 години, а фудбалот ќе ги памети неговите мајстории

Се што сака е живот без болка: Мораше да се пензионира на 33 години, а фудбалот ќе ги памети неговите мајстории

Некогашната ѕвезда од Премиер лигата и виртуоз од Аргентина, Ерик Ламела, излезе со емотивна изјава од болничкиот кревет откако заврши со фудбалот на 33 години.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За жал, Ламела немаше среќа да остане на теренот подолго и беше принуден да се повлече.

Многубројните повреди станаа повод славниот Аргентинец да ја заврши кариерата; главната причина е проблем со колкот кој го мачи веќе од 2017. Тоа го објасни во трогателна изјава за јавноста.

“По успешните операции, добив уште четири години најмногу на теренот. Но, беше јасно дека состојбата ќе се влошува и дека доаѓа денот кога ќе треба да ставам крај. Со многу напор, поминување на часови со физиотерапевтите, работа во сала и безброј инјекции, успеав да играм повеќе од замислената граница”, вели Ламела и ја осветлува својата приказна.

“Пет години земав лекови пред секој натпревар за да бидам во топ форма, почнувајќи од најмала до максимална доза, два дена пред натпреварите. Сега решив да запрам со тоа; целата оваа жртва завршува овде”, изјави Ламела.

Аргентинскиот напаѓач сподели фотографија и видеа од болничката соба. Покажа и како изгледа неговата нога во гипс, како и рентгенската снимка.

“Малку ме боли, но со новиот колк, очекувам оваа протеза да биде почеток на живот без болки”, вели Ламела, упатувајќи благодарност кон сите за поддршката.

Ламела зад себе остави 487 професионални натпревари, со кои ја освои Европската лига со Севиља во 2023 година.

Моментите за паметење се неговите “рабона” голови. Еден од нив го постигна за Тотенхем против Арсенал во дербито на северен Лондон, а друг во Европската лига.

Ламела играше за Тотенхем и Севиља, оставајќи најголем впечаток, но и за Рома, Ривер Плата и АЕК Атина, каде и се повлече минатото лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рано почина татко му, беше сиромашен и го киднапираа: Сега е познат по нокаутот во Шпанија (Видео)

Името на Аргентинецот Естебан Андраде (35) последниве денови ги полни насловните страници …