
Се одиграа првите натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првично, ПСЖ на домашен терен го совлада Баерн со неверојатни 5:4, додека Атлетико Мадрид одигра реми против Арсенал со 1:1 благодарение на два пенали.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Профилот за аналитика Football Meets Data објави статистички приказ на шансите на секој тим за влез во финалето. Според нив, Арсенал е голем фаворит против Атлетико Мадрид, со дури 82 проценти шанси за пласман. Од друга страна, шпанскиот тим има само 18 проценти шанси, иако во Лондон заминува со еднакви услови.
🏁 To make the 🔵 UCL final:
— Football Meets Data (@fmeetsdata) April 29, 2026
82% 🏴 Arsenal
18% 🇪🇸 Atlético Madrid
43% 🇩🇪 Bayern
57% 🇫🇷 PSG pic.twitter.com/BdWZDX7mYv
Иако првиот натпревар заврши со реми, вториот полуфинален дуел меѓу Баерн и ПСЖ е според компјутерот многу поотворен. Францускиот шампион има мала предност со 57 проценти шанси за успех, додека Баерн има 43 проценти можност за влез во финале.
Реванш средбите ќе се играат по една недела, на 5 мај во Лондон ќе се соочат Арсенал и Атлетико, додека следниот ден Баерн и ПСЖ во Минхен ќе продолжат со натпревар кој претходно имаше девет гола.