Дома Останати Ракомет Финале изборија и ракометарите: Македонија со две репрезентации ќе игра за злато!

Финале изборија и ракометарите: Македонија со две репрезентации ќе игра за злато!

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија им се приклучи на девојките и обезбеди место во финалето на Светското училишно првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во полуфиналниот дуел, избраниците на Горан Кузманоски одиграа сигурен натпревар и ја совладаа Србија со убедливи 29-19. Во првото полувреме противникот успеваше да одржи приклучок, но на пауза Македонија замина со предност од 14-10.

Во продолжението нашите ракометари го кренаа ритамот, ја презедоа целосната контрола на теренот и не дозволија никакво изненадување, оставајќи ја Србија без шанса за пресврт.

Во финалето, Македонија ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Израел и Хрватска. Натпреварот за златниот медал е закажан за утре од 16:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…