
Роберто Де Зерби на крајот попушти, не можеше да одолее на привлечната финансиска понуда од Тотенхем и реши веднаш да го преземе водството на тимот во Северен Лондон, иако првично планираше тоа да го стори на лето.
Италијанецот ќе се обиде да ги спаси Спарс од испаѓање од Премиер лигата, а без разлика на развојот на ситуацијата, неговото присуство на клупата е загарантирано и за следната сезона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Откако вчера Спарс официјално го именуваа Де Зерби како нов менаџер, не беа објавени детали околу неговиот штаб. Се споменува дека тој е во тек на формирање на својот тим, а медиумите во Италија наведуваат дека легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро Неста, би можел да му стане еден од клучните соработници.
Неста, како извонреден дефанзивец, остави длабок печат во дресовите на Лацио и Милан, а со Италија го освои Светското првенство во 2006 година во Германија.
Како тренер, 50-годишниот Неста има искуства во раководење на клубови како Мајами, Перуџа, Фросиноне, Реџана и Монца.