Дома Останати Ракомет Новиот голман на Вардар: Ќе играме пред едни од најдобрите навивачи во Европа!

Новиот голман на Вардар: Ќе играме пред едни од најдобрите навивачи во Европа!

Ракометниот клуб РК Вардар официјално го потврди новото засилување на голманската позиција, откако Милан Бомаштар стави потпис на договор со важност до сезоната 2026/2027. Чуварот на мрежата ќе му се приклучи на тимот на почетокот од наредната сезона.

Ангажманот на Бомаштар е дел од стратегијата на клубот за зацврстување на конкуренцијата меѓу стативите, во пресрет на предизвиците на домашната сцена и амбициите за враќање во ЕХФ Лига на шампиони.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Голманот во Скопје доаѓа од францускиот Шартр, а во својата кариера има настапувано и во Шведска и Шпанија, каде што го носеше дресот на Адемар Леон.

„Вардар е еден од најдобрите клубови на Балканот и многу сум среќен што ќе бидам дел од таков клуб. Мислам дека ова е чекор повеќе во мојата кариера и дека многу ќе ми значи соработката со Марио Келентриќ, кој е еден од најдобрите тренери на голмани. Со нетрпение ја очекувам можноста да го бранам голот пред фантастичните навивачи на Вардар во салата „Јане Сандански“, познати како едни од најдобрите во Европа. Македонската лига во последните неколку години израсна во една од најјаките лиги на Балканот. Верувам дека со Вардар ќе ги освоиме сите домашни трофеи и дека во Европа ќе се покажеме во најдобро можно светло“, изјави голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лудиот цепелин на Манасков и Митревски најдобар гол во групната фаза од ЛШ! (Видео)

Македонскиот шампион Пелистер го заврши својот настап во ЕХФ Лига на шампиони со пораз на …