
Вчера голманот на Тотнем Антони Кински имаше вечер за заборав..
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чешкиот чувар на мрежата беше заменет по само 17 минути, не поради повреда, туку поради слабата игра и фактот дека беше директен виновник за два примени гола.
Во меѓувреме, на програмата на ТНТ телевизијата гостуваше Џо Харт и беше видливо изнервиран.
Не поради неуспешната игра на голманот Кински, туку поради начинот на кој Игор Тудор се однесуваше со голманот, како да не го познава.
“Целиот стадион сочувствува со него. Поминува покрај Игор Тудор — а тој дури ни не се обиде да го погледне.
Ако вакво е водењето на тимот, тогаш сум изненаден. Стои таму и се однесува како ништо да не се случило. Секако дека (Кински) тоа не го направи намерно,” рече Џо Харт.
Да потсетиме, Тотенхем беше поразен на „Метрополитано“ со 5:2.