Дома Фудбал Нов договор за Букајо Сака – Сè уште далеку од најплатените играчи во Англија

Нов договор за Букајо Сака – Сè уште далеку од најплатените играчи во Англија

Репрезентативецот на Англија, Букајо Сака, ја продолжи соработката со Арсенал потпишувајќи нов договор на пет години, со што стана најплатениот фудбалер во лондонскиот клуб.

Иако „Топџиите“ официјално не ги објавија финансиските детали, британските медиуми известуваат дека 24-годишното крило ќе добива околу 300.000 фунти неделно, што е отприлика 343.000 евра.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На годишно ниво, тоа би значело над 15 милиони фунти, или повеќе од 17 милиони евра. Во тимот на Арсенал, зад него според приходите се наоѓаат Каи Хаверц со 280.000 фунти неделно, Габриел Жезус со 265.000, Вилијам Салиба со 250.000 и Мартин Одегард со 240.000 фунти.

Сепак, и покрај значителното зголемување, Сака сè уште заработува помалку од најплатените ѕвезди во Премиер лигата.

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, добива околу 525.000 фунти неделно, додека Мохамед Салах од Ливерпул заработува приближно 400.000 фунти.

Сака е производ на младинската школа на Арсенал и член на првиот тим од 2019 година. Во тековната сезона има 34 настапи на сите натпреварувања, со постигнати осум голови и седум асистенции. Вкупно за „Топџиите“ одиграл 297 натпревари, со постигнати 78 голови и исто толку асистенции во клупскиот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик бараше од соиграчите на тренинг во Лион по 100 евра (Видео)

Францускиот гигант Лион објави интересна снимка на социјалните мрежи, а во центарот на вни…