Дома Фудбал Томас Франк во Тотенхем за осум месеци и 38 натпревари си заработи богатство!

Томас Франк во Тотенхем за осум месеци и 38 натпревари си заработи богатство!

Тотенхем решија да го отпуштат тренерот Томас Френк по серија на лоши резултати, а последната капка беше поразот од Њукасл Јунајтед со 2:1 вчера. Данскиот тренер го напушта клубот само осум месеци откако беше платена отштета од 7.7 милиони евра за неговиот трансфер од Брентфорд, оставајќи го тимот на 16-то место во Премиер лигата, со само две победи во последните 17 натпревари.

Сумата од 7.7 милиони евра, која Тотенхем ја плати на Брентфорд за Френк и неговиот стручен штаб, беше откриена во среда во финансискиот извештај на Брентфорд за сезоната 2024/2025. Иако името на Френк директно не е наведено, извештаите потврдуваат дека оваа сума се однесува на отштетата за главниот тренер и неговите помошници Џастин Кокрејн, Крис Хаслам и Џо Њутон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со оглед на тоа што Франк потпишал тригодишен договор, неговото предвремено отпуштање ќе значи дополнителен финансиски товар за клубот, исплаќајќи му значителна оштета. Очекувањата се дека ваквиот трошок може дополнително да ги оптовари финансиите на Спарс во контекст на правилата за профитабилност и одржливост и потенцијално да влијае на плановите за летниот трансфер период. Кога пристигна минатото лето, Френк потпиша тригодишен договор, а британските медиуми проценуваат дека Тотенхем ќе треба да му исплати околу 9.4 милиони евра како отштета.

Френк го водеше Тотенхем во 38 натпревари, постигнувајќи само 13 победи – седум во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите и една во Карабао купот. Тимот под негово водство падна на 16-то место во првенствената табела, само пет бода подалеку од зоната за испаѓање. Следниот предизвик за Тотенхем е домашниот натпревар против градскиот ривал Арсенал во недела, на 22 февруари.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради итност Барселона лета за Мадрид веднаш

Прогнозата за исклучително лошо време го принуди тимот на Барселона да ги промени своите п…