
Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, зборуваше за трагичната сообраќајна несреќа во Нигерија во која загинаа две лица. Џошуа во несреќата доби повреди кои не се опасни по живот, а сега првпат јавно проговори за настанот во кој ги загуби двајца од своите најблиски пријатели.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Несреќата се случи десет дена откако на 19 декември Џошуа во Мајами го победи Џејк Пол со нокаут во шестата рунда. За време на посетата на Нигерија, автомобилот во кој се наоѓаше Џошуа учествуваше во фатален судар. Во несреќата загинаа неговиот личен тренер Латиф “Лац” Ајоделе и кондицискиот тренер Сина Гхами.
Џошуа се обрати за трагедијата во четвртокот преку долга видео порака насловена „Чувар на браќата мои засекогаш“, а покрај видеото објави и пишана благодарност.