Дома Останати Тенис Најбогатата тенисерка во светот првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Австралија опен

Најбогатата тенисерка во светот првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Австралија опен

Џесика Пегула (31) се квалификуваше за своето прво полуфинале на Австралија Опен, победувајќи ја Аманта Анисимова, која е седум години помлада, со резултат од 6:2, 7:6(1). Шестата најдобра тенисерка во светот доминираше во првиот сет, додека во вториот сет Анисимова покажа силен отпор. И покрај ова, Пегула успеа да победи после час и 37 минути игра на арената Род Лејвер.

По импресивната победа во осминафиналето против Медисон КИз актуелната шампионка на Австралија Опен, Пегула продолжи со истиот интензитет и против Анисимова. Почна со брејк без загубен поен, а потоа во третиот гем искористи друга брејк топка. Брзо дојде до двоен брејк и водство од 4:1, по што лесно го заврши првиот сет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Aнисимова во вториот сет играше многу подобро. Спаси три брејк топки во првиот гем. До осмиот гем двете тенисерки го задржаа својот сервис. Тука Анисимова успеа да направи брејк и поведе со 5:3, но Пегула веднаш го врати брејкот и израмни.

Потоа сервираше за мечот, но Анисимова успеа да избори тај-брејк. Во него, Пегула беше многу поуспешна и победи со 7:1 за полуфинале, каде ја чека Елена Рибакина. Ова е најголемиот успех на Пегула на Австралија Опен и втор најдобар резултат на Гренд Слем турнири по финалето на УС Опен 2024 каде изгуби од Арина Сабаленка.

Во својата кариера, Пегула има заработено речиси 22 милиони долари од награди на турнирите. Но, тоа е само мал дел од она што ќе го наследи заедно со своите четири братучеди. Тенисерката е ќерка на Тери Пегула, чиј имот е проценет на над 7,5 милијарди долари.

Своето богатство го стекнал преку бизнисот со природен гас и недвижности. Негов е и тимот Buffalo Bills од НФЛ, кој го купи во 2014 година понудувајќи повеќе од Доналд Трамп, Џон Бон Џови и други заинтересирани. Освен тоа, сопственик е и на хокеј тимот Buffalo Sabres.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oткриени детали за трагедијата во Темишвар, возачот на комбето не заспал

Целата Грција беше потресена од трагедијата кога се случи судар во Темишвар помеѓу камион …