Дома Фудбал Шпанскиот тренер отпуштен поради бизарни причини: Со ChatGPT правел тактика за натпревари, играчите не смееле да спијат 28 часа!

Шпанскиот тренер отпуштен поради бизарни причини: Со ChatGPT правел тактика за натпревари, играчите не смееле да спијат 28 часа!

Шпанскиот тренер Роберт Морено плати висока цена за својата зависност од вештачка интелигенција, што доведе до негово отпуштање од рускиот клуб Сочи.

Поранешниот тренер на Монако и Гранада беше отпуштен на почетокот од септември поради серија лоши резултати, а сега во јавноста испливаа неговите чудни методи на работа кои најверојатно придонеле за неговото заминување од рускиот прволигаш.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Генералниот директор на Сочи, Андреј Орлов, изнесе на виделина Мореновата наклонетост кон користењето на ChatGPT, кое му било доверено за подготовка на натпреварот со СКА Хабаровск и му дозволил да изработи заложена тактика. Проблемот настанал кога планот бил претставен пред раководството на клубот, а во него било наведено дека фудбалерите не смеат да спијат дури 28 часа пред почетокот на натпреварот.

Морено е голем обожавател на ChatGPT. Тврдел дека се е креирано со помош на програмот. Кога ја погледнав презентацијата, видов дека по тој план играчите не треба да спијат 28 часа пред натпреварот. Го прашав: “Роберт, кога ќе спијат играчите?” Тој само ги промени некои параметри во програмот и планот се измени – раскажал Орлов.

И покрај бизарните околности, Сочи успеа да го победи СКА Хабаровск со резултат 1:0, благодарение на голот на Руслан Магала во 57. минута. Сепак, тој триумф не беше доволен за Морено да ја задржи својата позиција во клубот и тој наскоро беше расчистен од тренерската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сколс: Арсенал би бил најлошиот шампион во историјата на Премиер лигата

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изјави дека Арсенал ќе биде „најлошиот тим кој…