Дома Фудбал Адријано бесен поради измама: Ќе ве најдам, со семејството никој нема да си игра

Адријано бесен поради измама: Ќе ве најдам, со семејството никој нема да си игра

Легендарниот бразилски фудбалер Адријано, познат како „Император“, се најде во центарот на бизарен и опасен скандал, откако сајбер-криминалци искористија најсовремена технологија за да ја ограбат неговата фамилија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот ас на Интер се огласи на своите социјални мрежи видно потресен и лут, откако неговата мајка во Рио де Жанеиро стана жртва на измама во која беше користена вештачка интелигенција (AI). Измамниците успеале да го „клонираат“ гласот и идентитетот на Адријано, убедувајќи ја несреќната жена дека разговара со својот син.

Мислејќи дека му помага на Адријано, неговата мајка уплатила повеќе од 15.000 реали (околу 2.400 евра) на измамничка сметка.

Реакцијата на прочуениот голгетер беше гневна. Во видео кое за рекордно време стана вирално, Адријано објасни дека никогаш не го менувал својот телефонски број и упати директна закана кон оние кои му ја допреа фамилијата.

– Со семејството никој не се игра! Вратете ги парите или лично ќе ве најдам – викаше „Императорот“ во своето обраќање, давајќи им ултиматум од 24 часа да ја исправат неправдата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на сагата во спот од 40 секунди: И да ни понудат 200.000.000 евра, Хулијан останува наш (Видео)

Генералниот директор на Атлетико одговори на Жоан Лапорта и стави крај на шпекулациите око…