
Вардар обезбеди значајно засилување за наредните сезони, откако постигна договор со хрватскиот репрезентативец Леон Љевар на период од две години. Новиот член на скопскиот клуб ќе му се приклучи на тимот од следната сезона.
Љевар, кој е висок 198 сантиметри и настапува на позицијата лев бек, во Вардар доаѓа од словачкиот Слован, каде што прикажа одлични партии и го привлече вниманието на ракометната јавност.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели“, изјави Љевар.