Дома Фудбал Ливерпул ангажира млад африкански талент

Ливерпул ангажира млад африкански талент

ЛИВЕРПУЛ го осигура новиот талент за иднината, потпишувајќи со младиот сенегалски дефанзивец, Мора Тала Ндиаје. Овој 18-годишен фудбалер ќе пристигне на Енфилд од клубот Амити ФК, кој е во сопственост на поранешниот напаѓач на Челси, Демба Ба. Трансферот бил остварен за сума од околу еден милион фунти. Ндиаје ќе се приклучи на тимот до 21 година, кој го предводи Роб Пејџ.

Официјална потврда од Енфилд

Црвените го потврдиле пристигнувањето на 18-годишниот централен играч за одбрана, за како што се наведува, еден милион фунти. Иако оваа сума за Ливерпул е релативно мала, Ндиаје се смета за голем потенцијал и ќе го започне својот развој во тимот до 21 година под водство на Пејџ, со надеж дека во иднина ќе се пробие и во сениорскиот состав. Во официјалното соопштение на клубот се вели:

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Ливерпул го заврши потпишувањето на дефанзивецот Мора Тала Ндиаје. Младиот сенегалски централен дефанзивец, кој неодамна наполни 18 години, се приклучува на редовите на црвените до 21 година од клубот Амити ФК во својата татковина. Ндиаје ја претстави својата земја на Светското првенство за У17 во ноември, забележувајќи четири настапи каде стигнаа до нокаут фазата. Исто така, настапуваше за Сенигал на У18 ниво.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…