Дома Фудбал Фудбалската легенда итно префрлена во болница – познато какви проблеми има!

Фудбалската легенда итно префрлена во болница – познато какви проблеми има!


Најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул, Јан Раш, моментално се опоравува во болницата, каде што веќе два дена е на интензивна нега поради грип.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата недела, легендарниот фудбалер беше примен во болницата „Countess of Chester“, откако имал проблеми со дишењето. Според најновите информации, состојбата му се подобрува.

Ливерпул објави изјава во врска со состојбата на Јан Раш, во којашто изрази благодарност кон медицинскиот персонал во болницата што брзо реагирал и му обезбедил потребната нега за брзо закрепнување.

Да потсетиме, Јан Раш беше 15 години дел од Ливерпул, постигнувајќи неверојатни 346 гола на 66 натпревари за клубот од Енфилд. Тој освои пет титули шампион на Англија, а двапати стана и европски шампион со “Црвените”.

Исто така, играше и за Лидс, Њукасл и Рексам, а со 73 настапи и 28 постигнати гола, беше рекордер за Велс, до моментот кога неговиот рекорд не го собори Герет Бејл.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид се договори со Родри, а потоа следуваше шок од Манчестер

Реал Мадрид сериозно започна обид за доведување на Родри од Манчестер Сити. Според информа…