Дома Фудбал Легенда на Ливерпул оперирала рак

Легенда на Ливерпул оперирала рак

Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Роби Фаулер (50), откри дека неодамна имал операција за отстранување на рак на кожата на лицето. Поранешниот напаѓач ја сподели веста со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии пред и по интервенцијата. Фаулер покрај фотографиите порача на своите фанови дека „сега е сè во ред” и ја искористи приликата да ја подигне свеста за важноста од проверка на сомнителни бемки и дамки на кожата.

„Пред и после… Во последно време неколку луѓе го велат истото: оди и провери ги тие дамки/бемки, базоцелуларен карцином. За среќа, рано е откриен па сè е во ред… Сега само ми остана да најдам клуб”, напиша Фаулер.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Фаулер остана запаметен како еден од најсуровите напаѓачи во историјата на Премиер лигата, каде постигнал 163 гола. Долго време го држеше рекордот за најбрз хет-трик, кој против Арсенал го постигна за само четири минути и 33 секунди. Тој рекорд стоеше цели 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денес играч, утре газда: Подолски станува сопственик на својот клуб

Играчката кариера на Лукаш Подолски полека се ближи кон крајот, но германската легенда има…