
Арне Слот ја пофали особената поддршка која му ја дадоа навивачите на Ливерпул откако неговиот тим се врати на победничката патека со триумф над Вест Хем.
Притисокот врз тренерот на Црвените се зголеми откако неговиот тим беше поразен во девет од последниве 12 натпревари. Сепак, првиот гол на Александер Исак во Премиер лигата и доцниот погодок на Коди Гакпо донесоа долгоочекуван и извонредно важен триумф.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Навивачите на Ливерпул, за време на целиот натпревар, го скандираа името на Слот, а холандскиот стручњак беше благодарен за овој потег.
– Тоа многу зборува за клубот и навивачите. Не само што ме поддржаа мене, туку и целиот тим. Кога тимот е во форма како што сме ние сега, и игра на гостувања, а трибините се целосно исполнети и го бодрат тимот од почеток до крај, вклучувајќи ме и мене, тоа е нешто посебно. Не само кога водиме со 1:0, туку и кога резултатот е 0:0 – изјави Слот и додаде:
– Тоа покажува дека овој клуб секогаш стои заедно, но можеби уште повеќе во тешки моменти. Тогаш, веројатно, луѓето уште повеќе го ценат она што сте го направиле за клубот. Верувам дека токму тоа го прави клубот посебен. Многу е полесно да поддржиш некого кога успева, отколку кога работите одат толку тешко како сега.