
ФУДБАЛСКИТЕ законотворци разгледуваат измена на правилата со цел да стават крај на честата тактика на голманите кои легнуваат на теренот за да побараат лекарска помош и така да создадат нешто како “тајм-аут” за својот тим. Оваа пракса стана популарна откако беа воведени построги правила за играчите на теренот, а сега се бара решение за да се затвори постоечката дупка во правилата, известува Goal.com.
Според тековните правила, голманот не мора да го напушти теренот ако побара лекарска помош, за разлика од играчите на терен кои во сезоната 2023/24 мораат да излезат за 30 секунди. Тимовите почнаа да го користат ова за да го прекинат ритамот на натпреварот и да дадат тактички инструкции на играчите, бидејќи играта не може да продолжи додека голманот е на теренот.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Техниката повторно излезе на површина откако тренерот на Лидс, Даниел Фарке, остро го критикуваше Манчестер Сити и нивниот голман Џанлуиџи Донарума, кој легна на теренот во моменти кога тимот имаше интензивен напад при резултат 2-1.
Два предлога на маса
Меѓународниот фудбалски сојуз (IFAB) го разгледува овој проблем од октомври, и според BBC Sport, се предлагаат две можни решенија. Првиот предлог, кој наизглед добива сѐ поголема поддршка, е дека наместо голманот, теренот за 30 секунди да го напушти еден од играчите на теренот. Другата опција би била забрана за приближување на играчите до аут-линијата за време на ваквите прекини, со што би се спречило давање на тактички инструкции.
Одлука можна до 2026 година
Проблемот на одолговлекување и натаму е актуелна тема во фудбалските кругови, а промената на правилото кое се однесува на ‘тајм-аутите’ за голманите би била уште еден чекор кон подобрување на фудбалскиот спектакл. За сè ќе се расправа повторно на годишниот состанок на IFAB на 20 јануари, а останува да се види дали ќе се пронајде решение навреме за новото правило да стапи во сила до 2026 година.