Дома Фудбал ФИФА воведува ново фудбалско правило: Доколку играчите го направат ова, две минути ќе бидат надвор од теренот

ФИФА воведува ново фудбалско правило: Доколку играчите го направат ова, две минути ќе бидат надвор од теренот

ФИФА во наредниот период ќе тестира ново правило со кое сака да го намали губењето на времето и да го зголеми ефективното траење на натпреварите!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, играчите кои поради повреда ќе побараат медицинска помош, ќе мора да останат надвор од теренот две минути, потврди претседателот на Судиската комисија Пјерлуиџи Колина.

Како што појасни Колина, правилото ќе се применува во сите ситуации, освен ако повредата е предизвикана од противнички играч кој притoа добива жолт или црвен картон. Исклучок ќе бидат и голманите, на кои ова ограничување нема да се однесува.

Целта, наведува ФИФА, е да се намали бројот на симулирања и „погодни“ повреди што служат за одложување, и тимовите да бидат принудени да играат одреден период со играч помалку – ако повредата е вистинска.

Правилото за првпат ќе биде тстирано на Арапскиот куп 2025, кој ќе се одржи од 1 до 18 декември во Катар. Ако резултатот биде позитивен, можно е примената да се прошири на поголеми натпреварувања, вклучувајќи го и Светското првенство наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…