Дома Фудбал На Флик ова никогаш не му случило во кариерата

На Флик ова никогаш не му случило во кариерата

Фудбалерите на Челзи одиграа одличен натпревар и целосно ја надиграа Барселона со убедливи 3:0 во петтото коло на Лигата на шампионите. Екипата на Енцо Мареска успеа да постигне два гола до 25. минута, но двата беа поништени поради офсајд и играње со рака. До предност стигнаа во 27. минута кога Жул Кунде си постигна автогол.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Челзи беше значително подобар во првото полувреме, а доби голема поддршка за вториот дел кога во 44. минута капитенот на Барселона, Роналд Араухо, доби втор жолт, односно црвен картон. „Сините“ ја искористија таа предност со головите на Естевао и Лиам Делап во 55. и 73. минута соодветно. Со оваа победа, Челзи се најде на петтото место со 10 поени, додека Барселона е 15-та со седум поени.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, секако нема да ја памети оваа средба по добро, бидејќи му се прекина перфектниот низ. Германскиот стручњак досега водеше 36 натпревари во Лигата на шампионите и на секој од нив неговиот тим постигна најмалку еден гол. Низата започна на 6 ноември 2019 година, кога неговиот Баерн го победи Олимпијакос со 2:0, и вечерва заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ита кон титулата, сега само чудо може да го спречи! (Видео)

Фудбалерите на Вардар максимално го искористија киксот на Шкендија, која не успеа да слави…