Дома Фудбал Флик соопшти одлични вести за Барселона пред големото враќање на „Камп Ноу“, зборуваше и за Јамал!

Флик соопшти одлични вести за Барселона пред големото враќање на „Камп Ноу“, зборуваше и за Јамал!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, денеска соопшти одлични вести пред натпреварот со Атлетик Билбао викендов..

Како што е веќе познато, Барса се враќа на својот обновен стадион по пауза од две и пол години, иако капацитетот сега е ограничен на 45.000 седишта.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Противник ќе биде Атлетик Билбао, а Флик потврди дека се враќаат првиот голман, Жоан Гарсија и капитенот Рафиња, додека навестува дека наскоро ќе се врати и Педри.

“Да, Жоан Гарсија ќе брани утре, тој е сосема подготвен. Рафиња се опорави и очекуваме да влезе во второто полувреме, ќе видиме дали 10 или 20 минути. Педри сè уште не е со нас, но за неколку дена ќе биде дел од тимот. Не сакаме да го брзаме, пристапуваме полека, но впечатоците се позитивни. Рајшерф има температура и не тренираше два дена, ќе видиме утре како ќе биде”, изјави Флик.

Тема на посебно внимание е Ламин Јамал, кој поради терапија добиена од медицинскиот тим на Барселона мораше да ги прескокне репрезентативните натпревари.

“Јамал работи извонредно и верувам дека е подготвен за утре. Многу сме задоволни од неговиот ангажман и напорна работа за надминување на сите потешкотии”, нагласи Флик.

Надвор од составот ќе биде капитенот Френки де Јонг поради црвениот картон во последното коло, така што се очекува во средината да играат Марк Касадо, Фермин Лопез и Дани Олмо.

Сепак, за Челзи во Лигата на шампионите најверојатно ќе бидат достапни и Педри и Де Јонг, а од следната недела на списокот на повредени би останале само Марк Андре Тер-Штеген и Гави кои подолго време се отсутни.

Натпреварот помеѓу Барселона и Атлетик Билбао е закажан за сабота во 16.15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Билд“: Егото на Салах ги кочи Ливерпул и Вирц

Тешкиот пораз од Манчестер Сити (0:3) во Премиер Лигата не беше единствениот удар за Ливер…