Дома Фудбал Македонија ја чека скок на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонија ја чека скок на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација зад себе остави тежок и разочарувачки настап во Кардиф, каде што доживеа убедлив пораз од Велс со 1-7 во последното квалификациско коло за Светското првенство. Иако резултатот беше еден од најтешките во поновата историја, најновите пресметки покажуваат дека „црвено-жолтите“ сепак ќе се искачат едно место повисоко на ФИФА ранг-листата.

Според проекциите на специјализираниот портал „Фудбал-Ранкинг“, Македонија во претстојното ажурирање треба да се најде на 64. позиција, што претставува минимален, но значаен напредок во контекст на тежок квалификациски циклус. Пред нашата селекција и понатаму ќе останат Албанија и Буркина Фасо, кои со своите резултати го задржаа чекорот пред нас.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На самиот врв на светската ранг-листа нема да има промени – Шпанија останува водечка репрезентација, додека веднаш зад неа се редат Аргентина, Франција, Англија и Бразил

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија го задржа 65-то место во светот

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65-то место на ФИФА листата. Најновата …