Дома Фудбал Белингем реагираше нервозно поради замената. Тухел: Морам да го разгледам случајот

Белингем реагираше нервозно поради замената. Тухел: Морам да го разгледам случајот

АНГЛИСКИОТ селектор Томас Тухел го предупреди Џуд Белингем дека “однесувањето е клучно” откако ѕвездата на Реал Мадрид бурно реагира на замената за време на победата против Албанија со 2:0. Инцидентот се случи при крајот на натпреварот, веднаш откако Хари Кејн го постигна својот втор гол, а реакцијата на Белингем предизвика остар коментар од страна на селекторот, пренесува Daily Mail.

Се играше 84. минута кога Морган Роџерс беше спремен да влезе на теренот наместо Белингем, кој веќе имаше жолт картон. Откако сфати дека ќе биде заменет, играчот на Реал почна нервозно да мавта со рацете, а Тухел најави дека ќе ја разгледа целата ситуација подетално.

Тухел: “Одлуките мора да се почитуваат”

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


“Го видов дека не беше задоволен”, изјави Тухел по натпреварот. “Морам да го разгледам. До некоја мера, ако имате играчи како Џуд кои се толку натпреварувачки настроени, никогаш нема да им се допадне. Но, мојот збор стои – ние се придржуваме кон стандардите и нивото на посветеност еден кон друг, како и меѓусебното почитување. Затоа, ако некој чека надвор, нема да ја смениме одлуката само затоа што некој мавта со рацете.”

Селекторот беше јасен во своето послание. “Не сакам да правам голема работа од ова, но се држам до моите зборови, ‘однесувањето е клучно’ и почитта кон соиграчите кои влегуваат. Одлуките се донесуваат и како играч мора да ги прифатите. Неговиот пријател чека на страна. Мора да го прифатите тоа и да продолжите понатаму. Џуд исто така имаше жолт картон и одлуката ја донесовме пред вториот гол. Одлуката е конечна.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно кажа „да“: Зинедин Зидан на клупата на најдобриот тим во светот

Зинедин Зидан ќе стане новиот селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година! …