Дома Фудбал Флик по паузата го очекуваат две одлични вести

Флик по паузата го очекуваат две одлични вести

Фудбалерите на Барселона пред да заминат на ноемвриската пауза успеаја да му се приближат на Реал Мадрид до три поени разлика, а после паузата, Ханси Флик ќе има уште посилен тим.

Како што е потврдено денес, голманот Жоан Гарсија и капитенот Рафиња закрепнаа од повредите и ќе бидат подготвени веднаш по репрезентативната пауза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И Гарсија и Рафиња се повредија на истиот натпревар, против Овиедо, на 25 септември, што значи дека се враќаат во тимот после два месеци.

Отсуството на првиот голман и крилниот напаѓач секако се почувствува, па Флик ќе биде и повеќе од задоволен со нивното враќање на теренот.

Надвор од составот остануваат Педри, кој би можел да се врати на почетокот на декември, потоа Марк Андре Тер-Штеген и Пабло Гави, чиј враќање се очекува дури во вториот дел од сезоната. 

Барселона после паузата ќе го пречека Атлетик Билбао на 22 ноември во 16.15 часот, а потоа ќе гостува на Чесија на 25 ноември од 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…