
Ѕвездата на Челси и Англија – Рахим Стерлинг бил принуден да се соочи со маскирани провалници кои упаднале во неговата куќа во Беркшир додека тој бил внатре со своето семејство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Инцидентот се случил во сабота навечер, помеѓу 18:30 и 19:00 часот, само час пред почетокот на натпреварот на Челси против Вулверхемптон. Стерлинг се подготвувал да го гледа натпреварот кога ја слушнал бучавата на катот од куќата и сфатил дека во неговиот дом провалиле вооружени напаѓачи.
Според пишувањата на британскиот „Мирор“, напаѓачите биле маскирани и веројатно мислеле дека Стерлинг нема да биде дома, бидејќи предвидувале дека ќе се наоѓа на Стамфорд Бриџ поради натпреварот на својот тим.
Триесетгодишниот фудбалер реагирал инстинктивно. Најпрво се осигурал дека неговата партнерка Пејџ Милиан и нивните деца, Тиаго (8) и Таи Круз (6), се на безбедно, а потоа се храбро соочил со провалниците.
„Зграпчи нож во кујната и отиде да се соочи со натрапниците. Реагирал под влијание на адреналин, но успеало. Бандата била на катот, барале вредни работи, но избегале кога сфатиле дека Рахим е дома”, откри извор за “The Mirror”.