
Фудбалерот на Вест Хем, Томаш Соучек во својата нова автобиографија ‘Сук’, ја шокираше јавноста со искрена исповед за борбата со несоницата и депресијата, откривајќи дека поради сериозни психолошки проблеми размислувал дури и за прекин на фудбалската кариера. Капитенот на чешката репрезентација, 30-годишник, во тишина се борел со проблеми кои започнале пред околу две години, кога, како што вели, во секој натпревар влегувал потполно ненаспаван, пишува The Mirror.
„Две години ужас. Долго се срамев да зборувам за тоа. Дури ни моите родители, додека не одлучив да ја напишам својата исповед, не знаеле дека нешто лошо се случува. Нешто што ме мачело толку многу што размислував за прекин на кариерата,” стои во книгата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Несоница. Депресија. Страв од иднината. Мојата тринаесетта комора. Не верувате, нели? Ни јас не го разбирам тоа ретроспективно. Каде што другите не би се осмелиле да стапнат затоа што се плашат од болка, јас скокам на глава. Не можам да ги бројам лузните на моето тело, завршувам натпревари со глава завиткана во завои, но оваа болка беше за мојата душа.”
Чешкиот фудбалер детално опишал како се чувствувал. “Во почеток беше само малку иритантно, но по неколку месеци стана неподносливо. Бев на дното, во секој натпревар влегував без сон. Секој натпревар! Можете ли да замислите? Се плашев од неуспехот, се плашев од реакциите, се плашев од сè.”
Открил дека му помогнала паметна нараквица во следење на состојбата којашто ја набавил во есента 2023 година. “Дали знаете што може whoop нараквицата? Прилично обична црна нараквица која не ја симнувам од левиот зглоб мери пулсот и квалитетот на сонот,” објаснил.
„Погледнувате апликации на вашиот телефон и по кривата можете да кажете кога човекот е преоптоварен, дали може да додаде повеќе за време на тренинг, во каква состојба е тимот. И најважно, спиењето! Повеќе не знаев каде да одам.”