Дома Фудбал Останато (Видео) Непоразениот борец протеран од УФЦ приреди спектакуларен нокаут

(Видео) Непоразениот борец протеран од УФЦ приреди спектакуларен нокаут

25-годишниот Мухамед Мокаев, според многумина најдобриот ММА борец во мува категорија во светот, стана шампион на Брејв организацијата поради спектакуларен нокаут во осмата секунда на борбата против Герард Бернс.

Мокаев, кој до неодамна настапуваше во УФЦ, каде што имаше совршен скор од седум победи без пораз, го подобри својот скор на 16-0 и ја придоби титулата на оваа организација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Запиша трета победа во кариерата со нокаут и каква. Во осмата секунда од втората рунда испорача фантастична комбинација. Најпрво полесно го погоди противникот со нога, а потоа без да ја спушти, упати удар во главата. Комбинацијата ја заврши со директен удар во лицето, што го извади неговиот противник од борбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човечката глупост нема граници: Му плати на Тајсон за да го „следи“ на Инстаграм

Еден фан на легендарниот Мајк Тајсон го подигна нивото на сосема нов степен, откако издвои…