
Фудбалската репрезентација на Фарските Острови направи вистинска сензација со победата над Чешка со 2:1 во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Ханус Соренсен и Мартин Агнарсон беа хероите на мечот, кои му донесоа на 136-топласираниот тим според ранг-листата на ФИФА најуспешната серија во нивната квалификациска историја.
Иако Фареските Острови продолжуваат да си го сонуваат настапот на Мундијалот шансите за тоа остануваат мали. Само за еден бод зад Чешка, тие во последниот натпревар одат против Хрватска, додека Чешка се соочува дома со Гибралтар.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Со оглед на тоа дека Гибралтар има само четири победи во официјални натпреварувања во историјата, против Лихтенштајн, Сан Марино, Андора и Ерменија, малку е веројатно дека резултатите ќе бидат во корист на Фарските Острови. Но, дури и ако не се квалификуваат за Светското првенство, нивниот фудбалски напредок останува фасцинантна приказна со светла иднина.
Фарските Острови, кои се наоѓаат во северниот Атлантик помеѓу Шкотска, Исланд и Норвешка, претставуваат архипелаг од 18 вулкански острови со свирепи пејзажи и стрмни клисури. Бројот на овци таму надминува бројот на луѓе за околу 20.000, а 97 проценти од економијата се потпира на рибарството.
За населувањето на овие острови постојат две теории. Според една, Викинзите од Норвешка први дошле во 9 век, додека друга тврди дека ирските монаси ги населиле векови претходно. Нивната политичка историја е исто така долга и сложена, со промени од заедничката норвешко-данска монархија до припадност на Кралството Данска по Мирот во Кил во 1814 година.
Денес, Фарските Острови уживаат значителна автономија следено од добивањето на внатрешно самоуправување од 1948 година како дел од Кралството Данска.
Оваа изолирана нација моментално е една од најинтересните фудбалски приказни. Во јуни оваа година, населението беше проценето на нешто под 55.000 луѓе, додека регистрираните фудбалери броеја 5.000 лица, што претставува преку 9 проценти од популацијата.
Фудбалската федерација е формирана во 1979 година, а нивната национална селекција стана членка на ФИФА во 1988 година, а на УЕФА во 1990 година. Денес, Фарските Острови се четвртата најмала држава во УЕФА според бројот на жители, пред Гибралтар, Сан Марино и Лихтенштајн.
Префрлајќи се кон овие официјални организации, пред тоа Фаре=ските репрезентации играа само пријателски натпревари против Исланд, Шетландските Острови, Гренланд и данската У-21 репрезентација, и учествуваа на неофицијални натпреварувања како Игри на островите и Гренландски куп.
Националниот стадион Тиоршволур во главниот град Торшавн има капацитет од 6.000 гледачи, додека вториот стадион, Свангаскард во селото Тофтир, е толку близу до морето што топките често завршуваат меѓу брановите. На оваа локација, во 1997 година беше забележано најголемото посетеност во историјата на нивниот фудбал – 6.642 гледачи, што тогаш преставуваше 14 проценти од населението, ја гледаа победата над Малта со 2:1.
Во квалификациите за Европското првенство 1992, тие ја забележаа својата прва натпреварувачка победа против Австрија. Натпреварот се играше во Шведска, бидејќи тогаш Фарските Острови немаа терен кој ги задоволуваше условите за меѓународни натпревари. Ова е разбирливо, бидејќи во првата половина на 20-тиот век, фудбалот на островите се играше на песок, додека осумдесеттите години беше поставена првата вештачка трева.
Победата над Австрија влезе во легендата како Чудото од Ландскроне, што се смета за клучен момент во подемот на нивниот фудбал.
Во 2014 година, Фарските Острови ја победија Грција со 1:0 на гостувањето, во време кога Грција беше 18-та, а тие 187-ми на листата на ФИФА. Следната година, дома славеа со 2:1. Овие одлични резултати ги подигнаа на 74-то место на листата, што остана најголемо спортско достигнување во нивната историја.
Во 2017 година, аналитичарите со користење на алгоритми израчунаа дека Фарските Острови се најуспешната репрезентација во светот според број на население, бидејќи имаа најмногу бодови од ФИФА по глава на жител. Денес се на 136-тиот ранг, но победите над Црна Гора и Чешка наскоро ќе ги подигнат повисоко.
Доказ за фудбалскиот развој не се гледа само во неодамнешните резултати на сениорите, туку и во оние на нивниот У-21 тим. Во квалификациската група за Европското првенство У-21, Фарските Острови моментално се водечки пред Швајцарија, Франција, Исланд, Естонија и Луксембург.
Иако е за очекување дека Франција ќе триумфира во таа група, имајќи предвид дека ги совлад со 6:0 во единствениот меч што го одиграа досега, второто место и можноста за доигрување е нешто на што можат да се надеваат.
И покрај младоста на фудбалската традиција, Фарските Острови имаат многу добро структуриран четири-нивоен лигашки систем. Првата лига, позната како Ефоделдин, се состои од десет полу-професионални клубови. Првакот влегува во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а второпласираните и третопласираните во квалификациите за Лига Европа.
Иако има клубови кои имаат само фарски играчи, во лигата играат и 14 странци. Во актуелната репрезентација, покрај 12 играчи кои играат во домашната лига, четворица играат во Данска, двајца на Исланд и по еден во Полска, Норвешка, Финска и Словенија.
Глобализацијата на фарскиот фудбал датира од минатиот век, за која на некој начин говори и новинарот на Guardian и дописник за јужноамерикански фудбал Алекс Белос во својата книга Футебол. Тој опишува трендот на бразилските фудбалери кои доаѓале на Фарските Острови за да стекнат искуство и да продолжат кариера кога не нашле можности на друго место. Нивното доаѓање помогнало и на домашните играчи да напреднат и да достигнат репрезентативно ниво.
Бидејќи фудбалот е толку популарен, речиси секое дете го игра, па секој талент се препознава. Во фудбалот се инвестира многу време, енергија и ресурси, постои и платен и волонтерски ангажман низ целата земја. Кога најдобрите фарски фудбалери почнаа да добиваат професионални договори во Данска, Норвешка, Германија и Исланд, тоа значително ја подигна нивото на репрезентацијата.
Скоро сите играчи кои реализираат меѓународна кариера се враќаат во матичната лига каде ги пренесуваат стекнатите искуства. Во комбинација со знаењето на стручњаците од други земји кои дојдоа на островите да работат во тимовите на клубовите, Фарските Острови се секоја година поблиску до модерните постулати на европскиот фудбал. Влегувањето на КИ Клаквик во Конференциската лига во сезоната 23/24 беше исто така пресуден фактор.
На сето тоа помогнаа и значителните инвестиции во инфраструктурата. Првиот чекор беше формирањето на млада репрезентација во 2006 година, додека следниот беше изградбата на тренинг-локации и опремување на стадионите. Денеска на островите има нешто повеќе од 20 стадиони со вештачка трева.
Имајќи го предвид изразениот национален дух и гордост, парите не се пресуден фактор за развој на фудбалот, па волонтерскиот ангажман значително помогна. Како што тоа обично бива со развојот на спортот во скандинавските земји, на Фарските Острови сето почива на локалниот колектив и учеството на секој член.
Тоа е народ кој го сака фудбалот, живее за фудбалот и не се двоуми да троши време и ресурси за негов развој, дури и кога од тоа немаат директен личен интерес. Нивниот интерес е социјалниот, да нивниот колектив биде препознат глобално и со тоа да ги поттикне младите да продолжат да се занимаваат со спорт и да станат нивните најголеми амбасадори. Во моментов, тоа им оди многу добро и сите знаци укажуваат на тоа дека резултатите ќе продолжат да доаѓаат.