Дома Фудбал Артета пред финалето: Тука сме за да ја земеме титулата на ПСЖ!

Артета пред финалето: Тука сме за да ја земеме титулата на ПСЖ!

Арсенал ќе се обиде вечерва да го спречи Пари Сен Жермен и првпат во историјата да ја освои европската титула. Пред големиот настан во Будимпешта, своето мислење го изнесе и Микел Артета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра во Будимпешта од 18:00 часот и Топџиите ќе имаат можност да ја освојат својата втора титула, по онаа во Премиер лигата што ја кренаа пред неколку дена.

Тренерот Микел Артета потврди дека тој и неговите играчи се смирени и подготвени за пресметката. Пред една година Арсенал дојде до полуфиналето, каде што изгуби токму од Парижаните, кои потоа го освоија трофејот.

Пред финалето, изјава даде и Микел Артета, тренерот на тимот од Островот.

Противникот го брани својот трофеј, тие се шампиони. Минатата сезона го заслужија тоа право. Но, ние сме тука за да им го одземеме. Подготовките за финалето беа одлични и многу позитивни. Тука сме затоа што го заслуживме правото да бидеме тука. Утре треба да го заслужиме правото да го освоиме трофејот.

Микел Артета

Разговараше и за промените во однос на минатата сезона, кога двата тима се сретнаа во полуфиналето. На крај, ПСЖ продолжи понатаму.

Кога повторно ги гледав натпреварите (од минатата сезона во Лигата на шампионите), бев многу задоволен од она што го видов. Бев многу уверен колку бевме блиску или каква несреќа беше што не стигнавме до финалето. Во меѓувреме тимот напредуваше во одредени области.

Микел Артета

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сјајни вести за Арсенал и огромно олеснување за Артета: Важен играч се враќа на теренот за финалето на Лигата на шампиони!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека холандскиот дефанзивец Јуријен Тимбер е по…